top of page

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ЕЛИТЕН ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје Ве уверува дека податоците внесени во нашите ИТ системи нема да бидат злоупотребени, објавени во каков било медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице во согласност со Законот за заштита на личните податоци и позитивната законска регулатива. ЕЛИТЕН ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку ИТ системи во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.

 

ЕЛИТЕН ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

 

Со пристапот или со користењето на ИТ системи на ЕЛИТЕН ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на ИТ системите. Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува до ИТ системите на веб страната на ЕЛИТЕН ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДООЕЛ Скопје.

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на ЕЛИТЕН веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на веб страниците на ЕЛИТЕН нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија.  ЕЛИТЕН ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страна.

 

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испратите електронска порака на следната мејл адреса: contact@eliten.com.mk

bottom of page