top of page

Звучна Изолација

unnamed.jpg
Преграден ѕид

Звучната изолација помеѓу становите ја обезбедуваме со систем од (сендвич зидови) термоблокови со дебелина од 12 cm со 2 комори кои се обработени од двете страни со Кнауф W623, односно конструкција од 5 cm која е целосно исполнета со камена волна (тервол) обложена со по две гипс картонски плочи. Додека пак преградните ѕидови се со термоблокови од 12 cm со 2 комори двојно малтерисани со машински малтер. Или варијанта на систем на гипсани прегради со исполна од 10 cm тервол обложен од двете страни со по две гипс картонски табли. На овој начин обезбедуваме висока звучна изолација од над 60dB, многу повисока од стандардниот норматив.

bottom of page