Вградени Материјали
Санитарија - GROHE
Глобален лидер фокусиран на изнаоѓање на целосни решенија за бањи и кујни.Со вкупно 6000 вработени, GROHE непреценето зазема огромно корпоративно место во сопствената бранша.Како резултат на тоа, производите на GROHE носат сертификат на квалитет (Made in Germany). Издвојувајќи ги само последните 10 години, GROHE има добиено преку 300 награди за дизајн и иновативност, и неколку врвни рангирања како еден од најпросперитетните германски брендови. Мотото на компанијата гласи: Вода, Уживање и Интелигенција, што и директно се рефлектира на самите производи.
Под - ТРОСЛОЕН ПАРКЕТ /ТАРКЕТ
Трослојниот паркет е природно дрво кое дава топлина и удобност во домот и лесен е за одржување.
Трослојниот паркет, познат кај народот како таркет, е составен од три слоеви на дрво кои меѓу себе се споени со лепак сочинувајќи една паркетна летва изработена во поголеми димензии. Трослојниот паркет најчесто се продава фабрички обработен и заштитен, со што неговата монтажа е едноставна и брза. За монтажа најчесто се користи клик системот кој овозможува и брзо демонтирање, но може и да се монтира со лепење.
Врати - Diporte
Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената
исклучиво западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини е гаранција
на задоволство на нашите многубројни купувачи од земјата па дури и на најпробирливите
пазари на Европската Унија каде сме редовни извозници.
Лифт - Kleemann
Kleemann е ваш светски партнер за сите видови лифтови за патници, со номинален товар до 30 тони и брзина до 7м / сек.
Ние сме компанија за лифтови што нудиме целосни системи со сајли и хидраулични лифтови, и со и без машинска просторија, од првичниот концепт до развојот до финалното производство.